Меѓу децата владее нова епидемија, тврдат експертите. Шестгодишни деца се соочуваат со очни болести кои досега биле карактеристични за лица во поодминати години.
Станува збор за болеста суво око, која се јавува кај децата кои минуваат премногу време гледајќи во екрани, од телевизија, преку паметни телефони до таблети и компјутери.
Последиците од болеста суво око се јавуваат кога солзите не можат да обезбедат соодветно „подмачкување“ на очите.
Болеста обично го погодува лицата на возраст од 50 до 60 години, а ако не се третира, може да биде многу болна со симптоми како што се умор, црвени и чувствителни очи.
Заболените го споредуваат чувството со тоа кога сечат кромид, односно, со постојано чувство на печење.
Инженерката за очна оптика Сара Фарант која е експерт за суво око, вели дека се почесто се среќава со деца од основни училишта кои во таква состојба доаѓаат во нејзината ординација во Сомерсет. За тоа делумно го обвинува времето кое го минуваат пред екран, бидејќи гледањето во екран драматично ја намалува стапката на трепкање.
„Кога ја отворив клиниката пред 15 години немаше ниедно дете кое доаѓаше во таква состојба. Меѓутоа, во последните пет или шест години гледам се повеќе деца со болест на суво око. Мојот најмлад пациент има шест години, што некогаш беше незамисливо“, објаснува Фарант.
Ако болеста на суво око не се лекува, може да доведе до неповратно оштетување на жлездите во капаците кои произведуваат солзи.
извор:точка.ком.мк