Сузана Гавазова и нејзниот сопруг Јасмин вчеравечер беа стопени од среќа и задоволство гледајќи ги ќерките Селена и Емелие.
Имено, мама и тато беа во публика, а наследничките на сцена од детското фестивалче „Вртелешка“ кое се одржа во Струмица.
Дека покажале афинитети кон музиката и тргнале по стапките на мајка им веќе покажуваат од мали нозе, а тоа особено ја направи Сузе пресреќна. Таа на Инстаграм со своите обожаватели и пријатели сакаше да сподели за како што вели денот кој го чекала целиот живот.
-Вечерва драги пријатели од 20 часот во Домот на културата „Антон Панов“ моите ќерки ќе пеат на фестивалот „Вртелешка“ во Струмица. Многу сум среќна што тргнуваат по патот на музиката! Овој ден го чекам цел живот! – пишува мама Сузе.
Облечени во исти фустанчиња, Емелие и Селена го направија своето музичко деби на сцена, а потоа со задоволни лица и насмевка позираа со букетите цвеќе во рацете.
Малите принцези ги воздигнаа од радост мама и тато до небо, а веруваме да највозбудени беа токму тие.
Дали оваа детска желба кон мзиката и пеењето ќе им остане за понатаму, останува времето да покаже.