Живот и Стил

Зашеќерени јаболка: Прекрасниот вкус на детството и најпознатиот панаѓурски десерт (рецепт)

Зашеќерени јаболка: Прекрасниот вкус на детството и најпознатиот панаѓурски десерт (рецепт)

Самото гледање во нив ја навлажнува устата

Црвените, миризливи и сјајни зашеќерени јаболка ќе вратат многумина од вас во своето детство, кога овој деликатес можеше да се најде во секоја слаткарница.

Со текот на времето, оваа бонбона се пресели од слаткарницата на панаѓурите и стана еден од нивните најнезаборавни симболи.

Брзо и лесно, можете сами да подготвите зашеќерени јаболка дома.

Состојки:

– 8 јаболка

– 550 гр шеќер

– 180 мл вода

– 80 гр гликозен сируп

– црвена прехранбена боја

– дрвени стапчиња

Подготовка:

Измијте ги јаболката, извадете ги дршките и на местото каде што биле забодете дрвено стапче.

Во големо тенџере измешајте ги шеќерот, водата и гликозниот сируп.

Промешајте и оставете да се свари.

Кога смесата ќе зоврие, оставете ја да се вари петнаесетина минути и за тоа време не мешајте.

После тоа, тргнете ја тавата од оган и додадете ја бојата.

Потопете ги јаболката, претходно сите ставени на стапче, едно по едно.

Додека се топли, можете да ги посипете со украсни трошки.

Пријатно!

Извор:Курир.мк

To top