Од седмица во седмица и месец по месец, многу фотосесии и позирање за време на бременоста, македонската макекенка, модна блогерка и инфлуенсерка Ангела Ѓорѓиева стана мајка на бебето Лиам.
Мајчинската улога таа ја ужива веќе четири месеци, а како тазе печена мама за првпат, убавата Ангела успева да жолнглира со сите обврски.
View this post on Instagram
Имено, таа многу брзо по породувањето им се врати на модните ангажмани за познати брендови кои редовно ги објавува.
Тоа е така бидејќи мајката природа ја почестила со краткотраен постпартум период, па трагите од бременоста и породувањето на нејзиното тело веќе и да ги нема.
View this post on Instagram
Ангела досега не ја покажала формулата како успеа така брзо да се врати во форма, бидејќи на жените и повеќе од јасно им е дека телото не така лесно се враќа како претходно по породување.
Исклучоци има, а меѓу нив е Ангела која иако не покажала дека спортува или е на некој посебен режим и третмани, таа изгледа одлично.
View this post on Instagram
На само 24 часа по породувањето, Ангела по покриена со крпа позираше за на Инстаграм сакајќи да го долови нејзиниот изглед во постпартум моментот по само еден ден.
Инаку, Ангела е една од најбараните македонски манекенки, а досега сме ја гледале на многу домашни модни ревии и како лице на познати брендови.
фото:Instagram/Angela Gjorgieva