Живот и Стил

Сте знаеле ли дека вашата кожа не поднесува шеќер?

Сте знаеле ли дека вашата кожа не поднесува шеќер?

Претераното користење слатки, одсобено шеќер, може да влијаат многу лошо на вашата кожа. Таа ќе изгледа уморно, нездраво и без сјај, а ќе се појават и акни и мозолчиња. Затоа, дерматолозите порачуваат да се внимава на секое залче слатки што го внесувате во уста.

Меѓу најлошите намирници за кожата е шеќерот и тоа рафинираниот.

slatko-patuvanje

Па затоа, се препорачува желбата за нешто слатко да ја задоволите со користење на суво грозје, јаболко или разно овошје, бидејќи овожниот шеќер е поприфатлив за организмот.

skin2

Исто така, млекото и млечните производи, доколку се користат во прекумерни количини може да влијаат негативно за здравјето и изгледот на вашата кожа. Тие содржат хормони кои влегуваат во крвотокот и може да дојде до презаситување.

Освен мрсната, брзата храна, маргаринот, разни грицки, на списокот производи кои не придонесуваат за добар и квалитетен изглед на вашата кожа, се секако и разните преработени и газирани сокови кои се полни со шеќер.

Големото количество шеќер не се одразува добро на кожата, но и здравјето и придонесува за побрзо стареење, односно брчки на кожата.

Затоа, најдобар лек е консумирање на природна и здрава храна, велат дерматолозите.

To top