Бројни турски јадења се неизбежен дел од сечија трпеза, а треба да признаете дека секој нивен специјалитет е вистинска рапсодија на вкусови.
Питите со сигурност се еден од омилените оброци и идеи за појадок, вечера или ужина. Се подготвуваат многу едноставно, а покрај тоа не се ниту многу скапи.
Постојат многу начини за подготвување совршена пита, но секогаш одново ќе откривате нови интересни рецепти, како на пример овој.
Турската пита од варени кори е вистинско мало совршенство.
Состојки:
– 3 јајца;
– 50 милилитри вода;
– ½ лажичка сол;
– 300 грама брашно;
– 20 милилитри масло за јадење;
– 180 грама кисела павлака.
Подготовка:
Прво замесете ги корите, а потоа варете ги во три литри вода со една лажичка сол и 20 милилитри масло за јадење. Потоа на плех за печење ставете ги сварените кори, може да ги исфилувате со фил каков што сакате, а токму во тоа е и магијата на овој специјалитет поради тоа што се приспособува на сечиј вкус.
Предлог за фил: 500 грама блитва, 500 грама сирење, 150 милилитри масло за јадење.
Намачкајте ги одгоре корите со 180 грама кисела павлака и додадете сусам по желба. Печете на загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу половина час.
Пријатно јадење!
извор:кармин/точка.ком.мк