На сите ни се има случено да го одложиме алармот барем еднаш или два пати. Луѓето се убедени дека тие пет до десет минути сон многу ќе им значат.
Но, тоа всушност не е добро за вашиот огранизам. Оштетувањето кое настанува со одложувањето на алармот може да ви го уништи целиот ден.
„Кога ќе го одложите алармот си играте со „RЕМ“ фазата од сонот. Таа е најважната фаза во сонот, клучна е за добар ментален фокус во текот на денот“, изјавил доктор Мајкл Бриус, специјалист за соништа.
Алармот ве извлекува од РЕМ фазата, а со одложувањето на алармот и повторното влегување во сон, повторно влегувате во таа фаза. Поради тоа после цел ден се чувствувате зашеметено и вашата продуктивност е послаба.
Уште една од последиците е тоа што вашиот телесен часовник го губи ритамот. За циркадијалните ритмови кои влијаат на вашиот внатрешен часовник, најдобро би било да се разбудите во оној момент кога вашиот аларм ќе заѕвони за прв пат. Ако повторно заспиете после алармот, циркадијалните ритмови се пореметени, вашето тело станува збунето кога е време за спиење, а кога за будење. Поради тоа сте константно ненаспиени, па цел ден не можете да се разбудите во целост.
Затоа, одвикнете се од одложување на алармот или купите часовник кој нема опција за одложување. Или едноставно, однапрет наместете го алармот за подоцна.
Потрудете се да легнете порано во кревет, обидете се секој ден да легнувате барем половина час порано. Или еднаш неделно менувајте го времето за во кревет за половина час порано.
Фото: Курир.мк