Живот и Стил

Рецепт за старински сутлијаш: Вака го подготвуваа нашите баби

Рецепт за старински сутлијаш: Вака го подготвуваа нашите баби

Сутлијаш е традиционално источно слатко кое потсетува на детството. Но, домаќинките од нашите краишта вешто го подготвуваа, а многумина од нас израснаа со него.

Во сутлијашот денес се додаваат разни намирници како банани, бобинки и јаткасти плодови, но ние ви го пренесуваме рецептот со кој го подготвувале нашите баби.

Состојки:
– 8 лажици ориз;
– 1 литро млеко;
– 8 лажици шеќер;
– 1 лажица ванилен шеќер;
– какао.

Подготовка:
Оризот измијте го под млаз вода, па ставете го во тенџере и прелијте го со вода. Варете го оризот додека водата не зоврие, а потоа извадете го тенџерето од шпоретот. Во друго тенџере истурете го млекото, ванилниот и обичниот шеќер и оставете да зоврие.

Додека млекото уште не е зовриено, додадете го оризот и цело време мешајте. Не се вознемирувајте ако сутлијашот е редок, бидејќи подоцна ќе се стврдне. Кога млекото ќе зоврие, варете уште малку, па извадете го тенџерето и веднаш истурете го сутлијашот во стаклени садови.

Посипете го со какао и оставете го малку да се излади.

На здравје!

извор:точка.ком.мк

To top