Живот и Стил

Внимавате на секој залак, а сепак не ви оди? Оваа е (навидум здравата) храна заради која никако не успевате да ослабнете

Внимавате на секој залак, а сепак не ви оди? Оваа е (навидум здравата) храна заради која никако не успевате да ослабнете

Без здрава и урамнотежена исхрана нема слабеење – тоа го знаеме одамна. Без гладување и исцрпувачки диети, туку само со внесување на разновидна храна, пред се свежо овошје и зеленчук е можно да се симнат вишокот килограми на здрав начин и да не се вратат.

Меѓутоа, што ако ги исклучите сите (очигледни) намирници кои го спречуваат слабеењето како бел леб, бонбони и газирани пијалоци, но маснотијата никако да почне да се топи? Што правите погрешно?

Како што истакнуваат експертите, постои цел список на намирници кои несомнено се корисни за здравјето, но доколку сакате да ослабете нема да постигнете задоволителен резултат само со нивно внесување.

Јогурт

Бидејќи е богат со протеини и добри бактерии, повеќето луѓе сметаат дека супер здравиот јогурт е најбезбедниот диетален пијалок и одличен начин за чистење на цревата. Сепак, треба да бидеме внимателни со него ако сакаме да се ослободиме од вишокот килограми – задолжително внимавајте дали содржат додадени шеќери, колку масти имаат и целосно заборавете на овошните јогурти!

Уште подобра опција од обичниот јогурт е безмасниот грчки јогурт, кој има 5,7 грама протеини на 100 грама, многу повеќе од обичниот јогурт (кој има околу 3,5 грама). Покрај тоа, има помалку калории, низок гликемиски индекс и докажано е дека е ефикасен во зајакнувањето на имунитетот.

Јаткасти плодови

Во исхраната често се препорачуваат бадеми, лешници, ореви и други здрави „грицки“ кои припаѓаат на јаткастите плодови бидејќи благодарение на огромното количество влакна го забавуваат варењето и го продолжуваат чувството на ситост. Тоа, пак, доведува до помал внес на калории подоцна во текот на денот, а тие се богати со витамини, минерали, антиоксиданси и придонесуваат за здравјето на безброј начини.

Сепак, имајте на ум дека тие содржат многу масти, па затоа мора да внимавате на количината. Малку е познато дека 100 грама ореви имаат повеќе од 606 калории и не се единствените висококалорични плодови од овој тип, па на возрасните им се препорачуваат само околу 30 грама јаткасти плодови дневно. Тоа значи 20-30 бадеми, 10 бразилски ореви, 15 индиски ореви, 20 лешници, 30 ф’стаци, 10 ореви…

Производи со малку маснотии

Од неодамна, се нудат многу верзии на популарна храна со малку маснотии, што е одлична вест за секој кој сака да ослабне без да се откаже премногу од омилената храна. Сепак, многу е важно внимателно да го прочитате составот на секој производ, бидејќи тоа што нешто содржи помалку масти не мора да значи дека има помалку калории, односно дека не му се додадени шеќери.

Салати

Очигледниот избор кога сакаме да јадеме без ограничувања за време на диета е обично салатата, а добрата вест е дека зелената салата спаѓа во намирниците кои речиси немаат калории – во сто грама има 0,22 калории!

Меѓутоа, со салатите треба да се биде многу внимателен ако се работи за оброк-салата, односно оние што содржат месо и преливи. Колку е мрсно месото? Дали преливот содржи шеќер? Ова се само дел од работите што треба да ги имате на ум доколку вака јадете секој ден.

Извор:Курир.мк

To top