Живот и Стил

Чизкејк со тиква: Рецепт за кремасто совршенство кое мириса на есен

Чизкејк со тиква: Рецепт за кремасто совршенство кое мириса на есен

Тешко е да се замисли есенска кујна без опојниот мирис и вкус на сочните тикви. Тие се многу флексибилна храна која може да се користи за подготовка на солени и слатки јадења. Ви пренесуваме рецепт за неодолив чизкејк со пире од печена тиква.

Ако успеете да најдете готово пире од тиква во тегла или конзерва – за овој рецепт ќе ви треба малку помалку време. Ако не можете, не грижете се. Пирето многу лесно се подготвува од печена тиква.

Доволно е свежата тиква да се преполови, да се извадат семките и да се избоде површината на плодот со нож на неколку места. Потоа ставете ја тиквата на плех и во рерна загреана на 180 Целзиусови степени и печете од половина час до еден час – додека „месото“ од тиквата не омекне.

Печената тиква лесно ќе се одвои од кората – со вилушка изгмечете го мекото овошје и употребете го во рецептот.

За основата на овој чизкејк, користете ги вашите омилени чајни колачиња – можете да користите ванила, какао или дури и оние со вкус на ѓумбир.

Состојки за основата:

150 гр мелени чајни бисквити по желба
75 гр стопен путер

Состојки за кремот:

450 гр намаз од сирење (на собна температура)
400 гр пире од тиква
250 мл шлаг
130 гр шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка цимет во прав
½ лажичка морско оревче во прав

Подготовка:

Подгответе ја основата: сомелете ги чајните бисквити во прав и измешајте ги со стопен путер. Треба да добиете смеса што наликува на влажен песок. Добиената смеса притиснете ја во калап со дијаметар од 20 сантиметри, кој претходно малку сте го подмачкале или сте го обложиле со хартија за печење.

Со миксер изматете го кремот во шлагот. Ставете го настрана.
Во друг сад измешајте го намазот од сирење со шеќер додека не добиете лесен, едноличен крем.

Додадете го пирето од тиква, циметот во прав, морското оревче и екстрактот од ванила и продолжете со мешањето додека состојките не се соединат.

Изматете го шлагот со рака во кремот од сирење и тиква.
Добиената смеса премачкајте ја врз основата и ставете ја во фрижидер најмалку четири часа или преку ноќ. По желба тортата можете да ја ставите во замрзнувач.

Послужете го чизкејкот од тиква со уште малку шлаг.

To top