Авторот и водител на една од најгледаните емисии „Вечер со Иван Ивановиќ“ не крие дека ужива во семејниот живот и дека тешко се одвојува од наследниците, Сташа од првиот брак и Лола, која ја има со сегашната избраничка Ања Петровиќ.
Невенчаната сопруга на Иван Ивановиќ мора да признаеме дека не е експонирана во медиумите, па ретко кој знае дека жената со која водителот шест години ужива во складна заедница е вистинска убавица.
Имено, Иван ја пронашол својата сродна душа во оваа харизматична дама која е родум од Топола, а освен со атрактивниот изглед, таа може да се пофали и со факултетска диплома.
И покрај големата популарност на нејзиниот сопруг, Ања успеала вешто да ја зачува својата приватност, а животниот пат кој го избрала не е поврзан со јавноста, таа е вработена во голема државна компанија, па не е чудно што и одговара анонимноста.
Љубовната приказна ја започнале во 2016 година кога се запознале преку заеднички пријатели и лудо се заљубиле, бидејќи сопругата на Иван Ивановиќ, според медиумите, била дел од поширокото друштво на популарниот водител.
Ивановиќ никогаш јавно не зборувал за својот приватен живот, ниту за Ања, но еднаш признал дека таа е вистинска хероина.
– Ужасно е тешко да се биде со мене! Се восхитувам на мојата девојка. Тотално сум сериозен кога велам дека таа е вистински херој. Самиот факт што ја работам оваа работа е доволно комплициран, а на тоа додај го мојот лик, и мојата историја – имам брак зад мене, ќерка… Сето тоа и како влијае на врската – изјави своевремено водителот .
Имајќи предвид дека водителот ги запознал родителите на својата избраничка по неколкумесечна романса, можеше да се насетат неговите сериозни намери кои се остварија по пет години врска кога како резултат на голема љубов се роди преслатката Лола.
фото:Инстаграм принтскрин