Состојки:
500 гр њоки
3 чешниња лук
100 гр спанаќ (замрзнат или свеж)
250 мл неутрална павлака за готвење
сол и црн пипер
50 гр трапист
50 гр димен свински врат
магдонос
малку пармезан
Подготовка:
Сварете ги њоките според упатството на пакувањето, но откако ќе го ставите трапистот во сосот. На загреано масло ставете ги брикетите од спанаќ да се пржат. По 3-4 минути, кога ќе се растопат брикетите од спанаќ, додадете го ситно сечканиот лук и сè заедно пропржете.
Ставете ја неутралната павлака, промешајте и додадете го трапистот исечкан на коцки. Зачинете со сол и бибер. Варете уште 2-3 минути додека трапистот не се растопи. Додадете ги исцедените њоки, сечканиот свински врат и магдоносот. Одозгора изрендајте пармезан.
извор:попара.мк