Македонската поп-дива Калиопи по подолга пауза ќе одржи солистички концерт во Македонија. По многубројните концерти во регионот, а на покана од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Калиопи подготвува вистинско музичко доживување за македонската публика.
Концертот ќе се одржи на 26-ти ноември 2022 година, на големата сцена „Петре Прличко“, со почеток во 20.00 часот. Влезниците се во продажба на билетарницата на театарот.
Последниот солистички концерт на Калиопи во земјава беше во 2015 година во Хераклеа – Битола. Во меѓувреме настапуваше на неколку општински манифестации а најчесто настапува низ регионот.