Ана Николиќ деновиве на својот Инстаграм профил објави дека се разведува, а како што пишува српски „Ало“, нејзиниот се уште законски сопруг Стефан Ѓуриќ-Раста се обидува да ја убеди да се предомисли, но засега безуспешно.
Имено, на Ана и пречи неговото постојано отсуство и консумирањето марихуана од која Раса не се откажува.
Таа на својот профил напиша вака:
-Тара го има најдобриот татко на светот, кого јас го сакав најмногу на светот! Едно смејество се распаѓа… Немојте да бидете злобни и сурови! Од мене никогаш нема да слушнете лоши зборови… Како што некому не дозволувам да изговори лоши нешта за мојот поранешен сопруг! Ова е мојот најголем животен пораз и многу ми е ташко! Имајте малку разбирање и почит кон мене и Стафан, како и кон нашите семејства! Фала, порача АНа, додека Раста по ваквиот статус не се огласи, а на својот профил објави фотографија од настапот во Шведска.