Живот и Стил

Побрзо и помеко: Тесто за пица без квасец и стасување

Побрзо и помеко: Тесто за пица без квасец и стасување

Пицата е едно од јадењата што се јаде низ целиот свет, сите ја сакаат, а се подготвува брзо и лесно.

Еве ги сите состојки што ќе ви требаат:

150 милилитри топла вода
3 лажици масло
една лажичка сол
250 грама меко брашно
3 лажички прашок за пециво

Подготовка:

Во млаката вода, која не е ниту премногу топла, ниту премногу ладна, додадете 3 лажици масло и една лажичка сол. Сè добро измешајте. Потоа, малку по малку, додадете 250 грама брашно и 3 лажички прашок за пециво.

Прво измешајте со жица и пробајте да го соберете целото брашно од површината на ванглата. Тестото ќе станува се поцврсто, па ќе мора да го замесите со рака. Тестото за пица без квасец е секогаш малку лепливо, па можете да ставите неколку капки масло или вода на вашите раце за да спречите тестото да се залепи за прстите.

Додадете брашно додека тестото не стане лепливо и месете неколку минути. Тестото обликувајте го во топка и потоа расукајте го со сукало до дебелина помала од 1 сантиметар. Пицата ќе биде со средна големина.

Со раце обликувајте ја кората за пица и почнете да ги додавате останатите состојки, притоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Најчесто се додава сос од домати, шунка, кулен, пармезан, оригано… Додадете се што одговара на вашиот вкус.

Печете 15 до 20 минути на температура од 200 степени. Одвреме-навреме проверувајте дали пицата е зарумена на дното и дали тестото е живо одвнатре. Ќе добиете пица која однадвор ќе биде крцкава, а внатре мека, а ќе ви биде јасно дека ништо не губите по вкус кога ќе направите тесто за пица без квасец.

извор:popara.mk

To top