Водителката Сузана Манчиќ се присети на трауматични искуства од нејзиното детство. Имено, Сузана раскажала како секогаш морала да излегува со некого, бидејќи во нивна близина живеел насилник.
Манчиќ се присети на трауматичното искуство што го доживеала како студент на Правниот факултет во Белград. Таа и по повеќе од четири децении не може да ги избрише страшните спомени од главата.
– Кога ми се случи ова пред лифтот, веќе бев возрасна девојка. Бев ужасно исплашена. Врескав како магаре. Никој од соседните станови не излезе да види што се случува. Успеав да се одбранам и тој си замина. За среќа, не ме силуваше – изјави Сузана во емисијата „Ако зборувам“.
Тоа не е динственото ужасно искуство што таа го доживеала. Во населбата каде што живеела како мала се слушнало дека опасен човек слободно се шета по улиците.
Имаше еден манијак кој кружеше во нашето маало. Во тоа време „човековите права не беа познати“. Се сеќавам дека родителите се организираа во смени и дека на крај го фатија. Полициската станица, 29 ноември беше во близина, најверојатно го однеле таму. Така се ослободивме од една „беда“. Секогаш одевме во групи. По две девојчиња, ретко кој доаѓаше сам од училиште.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Владимир Спорчиќ