Живот и Стил

Додадете само една лажичка од овој зачин во кафето: Нутриционистка тврди дека за еден месец ќе може да ги облечете старите фармерки

Додадете само една лажичка од овој зачин во кафето: Нутриционистка тврди дека за еден месец ќе може да ги облечете старите фармерки

Кафето е одличен сојузник за слабеење затоа што може да го забрза метаболизмот и да го намали апетитот. А, сега потврда имаме и од нутриционист.

Нутриционистката Лиза Ричардс советува дека домашното кафе најдобро е да го пиеме без додатоци на шеќер и млеко затоа што така внесуваме само непотребни калории.

Но, нејзиниот специјален трик е во текот на денот во кафето да додадете и малку цимет.

Лиза вели дека кафето во комбинација со цимет е навистина моќно. Имено, секое утро во својот омилен напиток додадете и една лажичка од овој зачин. За еден месец ќе забележите значајна разлика во телесната тежина.

Нутриционистката успеала да ослабне 4 килограми и да се ослободи од вишокот маснотии кои ги имала на стомакот.

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото“, објаснила Ричардс и така доведува до топење на масните наслаги.

„Тоа е процес на загревање на телото и истиот може да доведе до согорување на повеќе калории. Освен тоа, циметот е природна опција за поттикнување на термогенезата и секако најдобар избор од разни суплементи кои можат да го направат истото“, објаснила нутриционистката.

Таа напоменала и дека оваа не е никаков волшебен напиток и за резултатите да бидат видливи треба да внимавате и на вашата исхрана и да бидете физички активни.

извор:точка.ком.мк

To top