Живот и Стил

Мали трикови кои помагаат да одредите која нијанса на кожа ја имате

Мали трикови кои помагаат да одредите која нијанса на кожа ја имате

Кога станува збор за нашата кожа, знаеме како да одредиме дали имаме светол или темен тон, но поттоновите се сосема различни и честопати можат да го променат или расипат изгледот на шминката, особено затоа што не знаеме како да го одредиме и да избереме пудра, коректор и соодветна палета.

Според познатиот шминкер Роберт Сешнек, додека тоновите на кожата се движат од многу темни до многу светли, подтонот се однесува на нијансата што се наоѓа во таа боја. Тонот на вашата кожа може да се менува во текот на годината (нијанса или две потемни во лето или можеби посветли во зимските месеци), но вашиот подтон никогаш не се менува.

ошто е корисно да го знаете вашиот подтон?

Ако некогаш сте се мачеле да ја пронајдете вистинската нијанса на подлогата, самото познавање на вашиот подтон може да го олесни процесот. Кога пробувате нијанси, најдобро е да тестирате од центарот на лицето до средината на вратот, бидејќи тоа ќе ви даде најточна претстава.

Една од целите на соодветните нијанси е да се избегне линијата на разграничување – визуелната линија на разлика помеѓу лицето и вратот. За Шешнек, една од најчестите грешки во шминкањето што ги забележува се неусогласените подлоги и мешањето на несоодветни нијанси на подлогата и коректор, кои заедно даваат дамкав изглед на лицето.

Одредување на подтонови

За да го одредите тонот на вашата кожа, едноставно погледнете ги вените на вашите зглобови. Сините или виолетовите вени на рачниот зглоб обично укажуваат на тоа дека имате ладни подтонови, додека зелената или маслинестата боја значи дека имате потопли подтонови. Не можете да одлучите? Во тој случај, веројатно имате неутрален тон на кожа.

Повеќе трикови за одредување

Земете чисто бело парче облека или дури и само парче бела хартија. При силна, природна светлина, држете го предметот до лицето. Ако вашата кожа изгледа розова во споредба, имате ладен подтон. Ако вашето лице изгледа повеќе жолто, вашиот подтон е топол.

Ако чувствувате дека изгледате подобро во бел или крем нијанси, наместо во целосно бело, тоа е уште еден знак дека можеби имате топли тонови. Ако можете да ги носите двете бои без да чувствувате дека вашето лице изгледа „избледено“, може да имате неутрален подтон.

Изложеност на сонце

Изложувањето на сонце е многу важно кога станува збор за откривање на подтонот на вашата кожа. Ако лесно горите, имате ладен подтон. Ако лесно потемнувате, топол ви е.

извор:popara.mk

To top