ОВЕН
Ги надминувате сопствените можности. Заморот кој ве мачи веќе извесно време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот од сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите ќе имате сериозен пад на енергијата.
БИК
Денот е идеален за сумирање на сработеното и планирање на идните активности. Управувајте со вашето време, но не го игнорирајте фактот дека сте дел од нечиј живот. Ако одлучувате само во рамките на личните интереси, некој до вас сериозно страда.
БЛИЗНАЦИ
Преокупирани сте со финансиите, партнерските односи и дилемата за некаква инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите и вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во сѐ, бидејќи добивката што можете да ја постигнете не е занемарлива.
РАК
Некој немир се вовлекол во вашите мисли, никако да одгатнете што е тоа што ве измачува. Напнатоста оневозможува да ја видите ситуацијата во реалноста, па затоа најдобро е да ги избркате тешките мисли и да го минете денот со пријателите, забавувајќи се во дружење и муабет.
ЛАВ
Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот меѓу вашата должност кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчот, а со тоа и од непријатното чувство дека сте искористени.
ДЕВИЦА
Се чувствувате како да сте блокирани, како да ви се блокирани сите обиди да решите нешто по дипломатски пат. Избегнувајте конфликти со властите и побарајте поддршка кај помладите колеги кои во се наклонети овој период.
ВАГА
Ненадејниот пад на енергијата ве воведува во нервоза и напнатост. Отворените конфликти на работа можат да ве исфрлат од колосек. Работната средина во која се наоѓате е полна со негативен набој, па најдобро би било да се повлечете и да се одморите.
ШКОРПИЈА
Не е поволен ден за договори. Одложете сè за некое време, бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.
СТРЕЛЕЦ
Постојано зборувате за промени, па тоа станува исцрпувачко за вашата околина, особено за вашите колеги. Своите стравови ги проектирате најмногу на женскиот дел од популацијата. Невнимателна изјава може да предизвика жесток конфликт, иако верувате дека сте добронамерни.
ЈАРЕЦ
Лошите односи во вашата работна средина станаа неподносливи, па не ви преостанува ништо друго освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска ситуација.
ВОДОЛИЈА
Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.
РИБИ
Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги презентирате вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Вардете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.
извор:netpres.kom.mk