Карфиолот не е омилен зеленчук на многумина, а најмалку на децата. Вистина е, карфиолот има специфичен вкус, но се зависи од тоа како го подготвувате.
Овој зеленчук е многу здрав, па затоа ви подготвивме рецепт со кој ќе направите брз и лесен оброк од карфиол и ќе го јадете вкусно.
Состојки:
1кг карфиол
150мл млеко
4 јајца
4 лажици билни зачини
200гр брашно
масло за готвење
сол
Подготовка:
Карфиолот убаво измијте го и одвојте го на цветчиња. Во големо тенџере сипете вода, а кога ќе зоврие додадете го карфиолот и посолете. Карфиолот оставете го да се готви на тивок оган пет минути.
Кога е готово, добро исцедете го карфиолот од водата. Изматете ги јајцата, а потоа додадете ги билните зачини и млекото. Истурете го маслото во длабока тава и оставете да се загрее.
Карфиолот прво валкајте го во брашно, па потопете го во јајцата. Истурете го во загреаното масло и пропржете го од сите страни. Карфиолот се служи топол, а вкусен е и кога ќе се излади