Познатиот фолк пејач Харис Џиновиќ настапи во еден клуб во Белград, а во таа прилика ја коментираше актуелната тема, а тоа е насилството врз жените.
Пејачот истакна дека е против насилството врз жените и дека треба да се спроведе построга казна.
На почетокот истакна дека никогаш не ги пропуштал своите настапи, без разлика колку лошо се чувствува во одреден момент, а потоа проговори и на темата за насилството.
-Тоа е трагедија. Катастрофа, треба да постои построг закон за насилство врз жените и силувањето. Дури и кога немав ќерка, го имав тој став. За тоа, мислам најлошо – вели пејачот, а потоа се наврати и на својата ќерка Џина.
– На едно дете како што е Џина, можам да му зборувам до задутре што е правилно да прави, но ништо не ме слуша.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Џина Џиновиќ/