Како минува времето, така и стануваат се повидливи резултатите од истрајното и упорно подтигнување на целта која си ја постави пејачката Тамара Тодевска, а тоа е да го симне вишокот килограми и да дојде до посакуваната линија.
Тамара не била никогаш послаба… Така и изгледа, а тоа евидентно на прв поглед и самата го покажува. На некои од нејзините понови фотографии каде позира како модел, на прва можеби и ќе се подзагледате дали е таа, но сликата е јавна дека тоа е новата Тамара Тодевска.
View this post on Instagram
Стилот на облекување остана ист,но со помалки конфекциски бројчиња, а во изборот сега се и кратките блузички кои го иткриваат стамакот, а таа со гордост и задоволство ги носи.
View this post on Instagram
Задоволна од сегашниот изглед е и нејзината сестра тијана која и го потврди тоа и јавно во коментар, а веруваме дека и е дополнителна мотивација.
Тамара веќе неколку години е редовно „заглавена“ во теретана и тоа со личен тренер кој ја држи под контрола и дисциплина да води здрав начин на живот, да билда имунитет и секако да го има телото кое го посакува.
По секојдневните напорни тренинзи, здравата исхрана и третманите во салони за убавина, Тамара редовно се фали дека постигнала одлични резултати.
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска принтскрин