Потребни состојки:
1 модар патлиџан
2 пиперки
2 тиквички
1 брокула
сол
маслиново масло
3 домати
босилек
130 грама лебни трошки
60 грама пармезан
рузмарин
3 чешниња лук
8 шери домати
½ црвен кромид
моцарела
мајчина душица
Начин на подготовка:
1. Исечкајте ги на поголеми парчиња модриот патлиџан, тиквичките, пиперките и брокулата. Наредете го зеленчукот во сад за печење и додајте маслиново масло. Печете околу 30 минути во рерна на 200 степени целзиусови.
2. Сечете ги на мали парчиња 3 поголеми домати, посолете и додајте босилек.
3. Во друг сад додадете ги лебните трошки, пармезанот, изрендајте го лукот и промешајте. Исечете ги шери доматите на половина. Исечете и половина од црвениот кромид.
4. Кога зеленчукот ќе биде готов, прелијте го со сос од домати, ставете ја смесата со лебни трошки и пармезан и малку маслиново масло.
5. Додајте моцарела, наредете ги црвениот кромид и шери доматите и на крајот додадете мајчина душица. Печете уште 15 минути на температура од 204 степени.
Откако го прочитавте нашиот предлог за денешното мени, можеби ќе сакате да прочитате и како да направите совршено тесто за пица.
Извор: atma.hr/кафепауза