За вљубениците во топлите слоевити парчиња облека и удобните плетени џемпери, есента и зимата се несомнено омилените сезони кога на стилските експериментирања им нема крај.
Високите чизми, шаловите со впечатливи дезени, џемперите со необични плетки и текстури, кожните модни парчиња се само дел од возбудливата есенска гардероба, а судејќи по трендовите кои секојдневно прават „бум“ на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека плетивото, во секоја форма, начин на изработка и употреба, ќе доминира со нашите гардеробери.
Во прилог ви претставуваме неколку од највпечатливите тренови базирани на плетиво кои можете да очекувате да ве освојат во наредните неколку месеци.
1. Вертикални пруги
Дебелите таканаречени „бетонски“ риги доминираа во последните неколку сезони, но оваа година ќе видиме повеќе вертикални верзии од овој тренд.
View this post on Instagram
2. Плетени „bucket“ капи
Плетката не е присутна само кај џемперите, кардиганите и шаловите. Од почетокот на оваа година „bucket“ капите станаа невиден тренд, а оваа сезона ќе ги видиме и во плетени верзии.
View this post on Instagram
3. Сите нијанси на сино
Минатата зима се носеа портокалови џемпери, но оваа година ќе доминира синото плетиво.
View this post on Instagram
4. Извезени детали
Цветниот вез на кардигани и џемпери не е нов тренд, всушност може да се смета за безвременски, но овој детаљ стана популарен дури последниве години, а ќе го видиме повторно оваа есен и зима.
View this post on Instagram
5. Засеци
Честопати и најмалите детали можат да направат голема разлика дури и кај едноставните парчиња облека. Во моментов, огромен хит се плетените чемпери со засеци од страните, минималистички детаљ кој ѝ дава дополнителен шарм на едноставноста и ја акцентира предимензионалната силуета која е особено популарна во последниве неколку години.
View this post on Instagram
6. Фустани со отворен грб
Ова е сезона на плетени фустани, но она што допполнително ќе го разигра овој тренд е отворениот грб, детаљ кој ја враќа летната носталгија и во студените месеци додека сепак ја задржува топлината.
View this post on Instagram
извор:точка.ком.мк