Пејачката Ана Севиќ пред камерите проговори за разводот со пејачот Дарко Лазиќ.
Таа откри повеќе отколку што планирала, а во еден момент низ редови истакна дека тој знае многу повеќе скандалозни работи за бившата од оние кои стигнале до медиумите.
– Не знам дали тоа беше промена или не видов нешто што го видоа луѓето околу мене… На сите им беше очигледно освен мене. Човекот созрева со текот на времето. Потребно е животно искуство за да знаете што сакате, а што не… За мене нема изненадувања кога станува збор за натписите на медиумите. Јас најдобро знам што е вистината и што се случува… А тоа што излегува е помалку скандалозно од тоа што не излезе… – изјави Ана во емисијата „Магазин ИН“, а на прашањето: „Кој ја има улогата на татко и мајка?“, таа одговори :
– Да не генерализирам, но во повеќето случаи жените се и татко и мајка кога се во прашање разведените родители,заврши Ана Севиќ.
фото:Пинк принтскрин