Потребни состојки:
1,4 литри вода
18 лажици брашно
18 лажици шеќер
3 лажици џем или мармалад по избор
100 грама мелени бисквити
6 лажици масло
2 лажици какао
2 лажички сода бикарбона
120 грама чоколаден пудинг
200 грама чоколадо за готвење
250 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
300 грама шлаг крем
500 милилитри минерална или обична вода
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
2. Измешајте 13 лажици шеќер во 400 милилитри топла вода. Додадете 4 лажици масло и мармалад и измешајте ги сите состојки. Потоа додадете брашно, какао, сода бикарбона и мелените бисквити и мешајте додека смесата не се изедначи.
3. Истурете третина од смесата во сад за печење и печете ја кората околу 15 минути. Повторете ја постапката за уште 3 или 4 кори.
4. Подгответе го пудингот според упатството од кесичката, тргнете го од оган и додадете 100 грама чоколадо за готвење и мешајте додека не се растопи. Во друг сад изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додадете го пудингот. На крај, изматете го шлагот.
5. Намачкајте ги корите така што првин ќе го нанесете кремот, а потоа шлагот. Постапката повторете ја додека не ги наредите сите кори. Врвот на колачот прелијте го со крем, а остатокот со шлаг. На крајот растопете 100 грама чоколадо за чоколадна глазура.
Извор: atma.hr