Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок 23-ти Септември, 2022 година

Дневен хороскоп: Петок 23-ти Септември, 2022 година

ОВЕН

Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате се да одложите за некој друг ден, бидејќи грч кој нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.

БИК

Се потпирате на други луѓе. Можеби сте премногу уморни и тоа е вистинската причина за вашето повлекување и предавање на судбината. Работите можат непријатно да се искомплицираат ако не преземете одговорност и не ги завршите обврските навреме, дури и ако тоа ви е непријатно.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, а можностите кои се побезбедни и можеби попрофитабилни отколку што сте замислувале, ви одминуваат.

РАК

Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна ако сакате да избегнете конфликт со претпоставените, што може да резултира дури и со казна. Не правете им го на другите луѓе она што не сакате некој да ви го прави.

ЛАВ

Вашата самодоверба и горделивиот став полека почнуваат да ги иритираат оние околу вас кои веќе некое време имаат значително трпение за сите. Доколку не го поправите своето однесување, може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве натера да се чувствувате засрамено.

ДЕВИЦА

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, во исто време пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

ВАГА

Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па дел од постигнатиот успех не го доживувате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, тоа е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.

ШКОРПИЈА

Оптоварени сте со работа. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може уште повеќе да ја отежне ситуацијата, не само за вас туку и за околината. За да избегнете непријатност, мора да одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во непотребни дискусии.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е убава деловна понуда која навистина ја посакувавте, но сега се плашите. Очекувате интензивна поддршка од саканата личност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете свои, опуштете се и победете со својот шарм.

ЈАРЕЦ

Соработниците ви кажуваат што да правите. Иако не баравте туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да правите потези кои не се ваши. Се чини дека не размислувате со туѓа глава, па затоа е последен момент да ги промените тие односи.

ВОДОЛИЈА

Опкружени сте со луѓе кои ги привлекува вашата позитивна енергија. Поради пристојната финансиска состојба, можете да им приредите забава. Во занесот на доброто расположение, може да заборавите кои се вашите вистински пријатели.

РИБИ

Чувствувате дека некој се обидува да ви се закани. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многумина од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на хоризонтот, над кои немате контрола.

To top