Живот и Стил

Рецепт за похoвани пилешки крилца со пармезан

Рецепт за похoвани пилешки крилца со пармезан

За овој рецепт за пржени пилешки крилца не се потребни посебни состојки, но ви препорачуваме при рака да имате корнфлекс и пармезан… Уживајте!

Состојки:

половина чаша презла
1/3 чаша корнфлекс
четвртина чаша пармезан
поголемо јајце
800 гр крилца
сол, бибер, масло, зачини по желба

Подготовка:

Измешајте ги лебните трошки, искршените корнфлекс, пармезанот, солта и биберот и зачините по желба. Јајцето се мати со малку сол. Измијте ги и исушете ги пилешките крилца, па валкајте ги прво во јајца, а потоа во смесата со презла. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се попрскува со малку масло и се пече во рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Послужете додека е топло.

извор:попара.мк

To top