Поранешката пејачка Ева Недонковка и сегашна бизнисменка, во месец февруари 2016 година му кажа „да“ на својот сакан Јурак Патров кој по професија е веб дизајнер.
Тогаш склучија црковен и граѓански брак, а кон крајот на летото годинава откако им се роди ќеркичката Ена, решија да направат крштевка и свадбена забава во едно.
Иако тоа се случи пред неколку месеци, сега по повод првиот роденден на нивната наследничка, Ева ги објави овие специјални фотографии каде мајката и ќеркичката носат невестински фустани, а тато пак е елегантен во костум.
По повод роденденот Ева ги објави обие фотографии и напиша емотивна порака:
Прва наша. Една. Единствена. Ена. Број 1. Се роди на 1.11.16 во 1:16 попладне. Храбро и сигурно, по три дена упорност. И после дождлив ден, баш тој час огреа светло сонце. А ти ни ја покажа љубовта и среќата во својата полност. Таква и да си, мама, секогаш, здрава, светла, среќна и сакана! Да се сакаш себе, луѓето и животот, да веруваш и да се бориш за она во кое веруваш, да си храбра и истрајна, ако паднеш, да станеш и да се исправиш бодро напред, исто ‘ко сега, кога учиш сама да чекориш. Не се плаши да згрешиш и да научиш, не се плаши да сонуваш и да љубиш. Биди доблесна, помагај на оние на кои им треба, биди слободна и широка и на дух и на ум, биди вредна и прави го тоа што го сакаш. А можеш многу. Ние ќе сме пресреќни да имаме што повеќе време да го гледаме твојот пат што подолго! Среќен 1. роденден, најљубена наша!
(фотки од крштевката на Ена и свадбената забава на мама и тато 26.8.2017 :))
Инаку, Ева одамна ја остави музичката кариера и се посвети на својот мултимедијален екукативен центар ЕВА.