Деновиве се породи и сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски. Тие станаа родители по втор пат, откако претходно го имаат синот Матеј кој е на петгодишна возраст.
Александра овој пат на свет донесе здраво и право женско чедо, а девојчето го доби името Искра.
View this post on Instagram
„Љубов моја, жено кралице ти благодарам што на свет ни донесе една принцеза. Се роди нашата Искра. Со твоето раѓање солзите радосници на мајка ти станаа бисери, тоа е љубов која голема болка и исцрпеност ја наплаќа со насмевка. Ти благодарам љубов моја, што ме направи најсреќен и најгорд родител по втор пат. Те сакам“ – напиша македонскиот фудбалски ас во постот покрај фотографијата од породилиштето на која се неговата сопруга Александра и малечката принцеза Искра.
Нека им е со среќа приновата на семејството Трајковски, а од среќниот татко Македонија очекува добри игри и нови голови за нови победи!
Фото: Инстаграм принтскрин/alextrajkovski8