Врската меѓу бившите сопружници Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал е лоша веќе подолго време.
Откако пред два месеци на раскошна венчавка и се заколна на вечна љубов на 20 години помладата партнерка, Мустафа Сандал стана, може да се каже, „трн во окото“ на неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ.
View this post on Instagram
Имено, Мустафа и неговата избраничка Мелис организирале не една, туку три гала прослави со кои се пофалил, а на суд изјавил дека нема доволно приходи за да им плати алиментација на децата. Покрај тоа, тој им рекол на Емина и на децата да ја напуштат куќата бидејќи сакал куќата да се продаде и парите да се поделат, пишува „Стар Папарацо“.
View this post on Instagram
-Емина реши да ја продаде куќата во која живееја заедно, а таа со децата се пресели во нов стан, ни помалку ни повеќе туку во станбениот дел каде што Мустафа и Мелис се преселиле по венчавката. Пејачката наводно решила да им го загорчи животот и да не им дава мир, бидејќи сигурно нон-стоп ќе се среќаваат, а со тоа Мустафа нема да може да побегне од обврските што ги има кон децата и Емина. Како што изјавил неименуван извор, навистина се впуштила во ова, а ако не му се допаѓа нека се пресели, доста и е со синовите Јаман и Јавуз да се сели, дури три пати по разводот. Мустафа полуде, сакаше да се скара со Емина, но Мелис го смирува со надеж дека се ќе биде во ред, и дека нема потреба да се преселат бидејќи тие први купиле стан таму – откри блиската пријателка на пејачката. до „Ѕвезда Папарацо“.
фото:Инстаграм