Радио Милева невкусот на традицијата

Горан Алачки реагираше: „Од загубата на мојата мајка Натка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме“

Горан Алачки реагираше: „Од загубата на мојата мајка Натка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме“

Познатиот македонски музичар, ценетиот хармоникаш Горан Алачки, пред неколку дена на својот профил на социјалните мрежи, објави дека се упокоила неговата мајка Натка, а неговите роднини и пријатели му упатија зборови со израз на длабоко и искрено сочувство.

Поранешната сопруга на Горан Алачки, пејачката Адријана  која се прослави и као  ТВ водителка со готвачкиот едиторијал „Вкусот н традицијата“, на својот профил на социјалните мрежи, се прости од својата некогашна свекрва и објави заеднички фотографии, на кои се гледа дека се дружеле во ТВ шоуто.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!!
Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“ –  напиша во прошталниот статус од својата некогашна свекрва, бившата снаа.


Но, веднаш потоа Горан Алачки , синот на покојната и бившиот сопруг на Адријана,  вчера, ги замоли медиумите да не прават циркус од упокојувањето на неговата мајка, со тоа што објавуваат статуси од негови поранешни членови на семејството.

Исто така Горан како што самиот вели, неговата мајка била всушност длабок разочарана од дотичната личност, потоно од нејзината некогашна снаа Андријана.

„Почитувани медиуми… Ве молам.. Од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа… Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој…

Мојата мајка последните години од животот, беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа…“ –  стои во неговиот пост на Фејсбук“.

Инаку Горан Алачки уште во 2019 година реагираше неговата поранешна сопруга Адријана да престане да го користи и како што тогаш рече, злоупотребува презимето Алачки, тврдејќи  дека презимето Алачки го користи само заради популарност.

„Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасошот”…Ви благодарам! – порача тогаш Горан, а наедно ја прозва и поранешната сопруга за корекција на презимето преку јавните гласила и социјалните мрежи.

Инаку по нивниот развод љубовниот живот на Андријана во кулоарите , па и некои медиуми се врзуваше за името на сопственикот на еден познат етно комплекс-ресторан во Македонија, додека Горан вплови во љубовна врска со новинарката Марина Дојчиновска.

Фото: Фејсбук принтскрин/Goran Alachki/Adrijana Alacki

To top