Живот и Стил

Носи среќа, мир и хармонија во домот – совети за одгледување на фикус

Носи среќа, мир и хармонија во домот – совети за одгледување на фикус

Омилената куќна билка на многумина – фикусот, според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот.

Сепак, важно е и каде ќе биде поставена оваа билка во домот. Според древната кинеска техника, треба да биде на југоисток од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот.

Се смета дека штити од немаштија и носи пари.

Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата.

Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на сонце.

Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.

Совети за одгледување собни растенија – Фикус

Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.

За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело.

Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво.

Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите.

извор:курир.мк

To top