Радио Милева само на сон

Јелена Карлеуша се разведува од Душко, но сака и трето дете

Јелена Карлеуша се разведува од Душко, но сака и трето дете

За брачниот статус на Јелена Карлеуша се зборува со месеци. Причините за разделбата, како и потенцијалното помирување со Душко Тошиќ постојано се една од главните теми на српските медиуми, а иако се уште не ја разјаснила темата, музичката ѕвезда откри дека сака да се оствари повторно како мајка.

Имено, Јелена ја скокоткала фантазијата на своите следбеници одговарајќи на коментарот на Ела Дворник која рече дека сонувала дека пејачката се породила.

„Синоќа сонував дека Јелена Карлеуша е на царски рез и морам да ја држам за рака како морална поддршка. А јас побегнав штом почнаа да ја сечат. Извини Јелена. Имам траума од моите бебиња, но беше преслатка, честитки“, напишала Ела, на што Јелена одговорила.

„Сигурна сум дека во реалноста немаше да побегнеш драга. Сигурно ми се допаѓа твојот сон, би сакала уште едно бебе!!! По објавувањето на албумот, секако“, одговори пејачката.

Очигледно Карлеуша се пошегува, но понекогаш шегите и не се далеку од вистината.

фото:Инстаграм/Јелена Карлеуша

To top