Путерот од кикирики често може да се види во американски филмови и ТВ емисии. Добрата вест е што не мора да го барате и да го купите, бидејќи можете сами да го направите.
Предноста на домашниот путер од кикирики е фактот што можете сами да го контролирате вкусот на овој намаз. Без разлика дали го сакате повеќе или помалку сладок, можете да направите домашен путер од кикирики по ваш вкус.
Потребни состојки:
400 гр кикирики
прстофат сол
1 лажица масло
блендер, повеќенаменски или сецко
За путерот од кикирики, можете да користите кикирики кои најмногу ви се допаѓаат – печени, солени, несолени или мешани.
Едноставно измешајте ги состојките во блендер или сецко и мелете додека не добиете изедначена смеса. Потребни се само неколку минути, а вие сами ќе одлучите дали намазот ќе биде покрцкав или помазен.
Ако сакате путерот да биде посладок, додадете мед додека смесата не стане слатка по ваш вкус.
Путерот од кикирики може да се чува во фрижидер до 3 месеци.
Извор: Курир.мк