Милена Радуловиќ е млада и талентирана актерка која со својот изглед и харизма освојува каде и да се појави.
Радуловиќ е се поприсутна во медиумите кога е модата во прашање, а оваа талентирана актерка е секогаш оригинална, толку природна и едноставна, што е голема реткост.
Милена неодамна беше кума на својата најдобра другарка од детството на свадбата, а фотографијата на актерката во црква за многу кратко време имаше голем број прегледи. Многумина беа воодушевени од изгледот на актерката, но и од нејзиниот моден избор за една ваква церемонија.
Милена избрала романтичен цветен фустан со миди должина со долги ракави, а со оглед на тоа дека овој дезен е во мода со години, дефинитивно секогаш е модерен.
View this post on Instagram
Актерката сè комплетирала со црни сандали со дебела потпетица, а со својот изглед покажа колку добро може да изгледа ретро и модерен стил, само ако се осмелите да експериментирате.
Милена Радуловиќ е и импресивна и скромна во исто време, па не е чудно што речиси секој нејзин стил е идеја што можете да ја присвоите или копирате.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/drenovacn