Ако сте љубители на галети, односно вафли, а притоа и на солените варијанти, ние го имаме токму она за вас.
Зошто да не направите вафли од проја.
Подготовката е многу едноставна, а вкусот е совршен.
Со минимален напор, добивате вистинско уживање за појадок или ужина.
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
300 гр пченкарно брашно
1/2 прашок за пециво
100 гр сирење
3 јајца
30 мл масло
сол, ако сирењето не е солено
100 ml кисела вода
Подготовка:
Вклучете ја машината за вафли на највисоко ниво и премачкајте ја со малку масло со четка.
Во сад истурете пченкарно брашно со прашок за пециво, по можност бело, додадете јајца, сирење, масло, сол и кисела вода.
Изедначете сè. Калапот премачкајте го со малку масло и кога ќе се загрее прелијте со лажица тесто и поклопете.
Печете неколку минути да заруменат.
Проверете го упатството за подготовка чекор-по-чекор:
ж
Извор:Курир.мк