Живот и Стил

Лиснати кифлички со џем! Се топат во устата! (рецепт)

Лиснати кифлички со џем! Се топат во устата! (рецепт)

Можете да ги послужите кифличките на секакви прослави. Брзо се подготвуваат, а вашите гости ќе бидат воодушевени

Ви пренесуваме рецепт за кифлички од лиснато тесто.

СОСТОЈКИ:

4 јајца
500 гр брашно
1 лажичка квасец
вода по потреба
1дл масло
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за пециво
250 гр маргарин
Џем по желба
шеќер во прав за поросување

Подготовка:

Измешајте го квасецот со шеќерот и малку топла вода и оставете 5-10 минути. Во садот истурете брашно, прашок за пециво, сол и измешајте. Додадете го активираниот квасец, јајцата и маслото, па замесете тесто. Покријте и оставете да отстои. Потоа измешајте и поделете на 6 дела.

Расукајте 5 јуфки и секоја посипете ја со рендан маргарин и наредете ги една врз друга. Потоа истегнете ја шестата и завиткајте ја од горе. На оваа не оди маргарин. Потоа расукајте и исечете на триаголници и филувајте.

Се пече на 200°C додека не порумени. Кога ќе бидат готови, поросете ги со шеќер во прав.

To top