Актерката Лидија Вукиќевиќ во јули наполни 60 години, но нејзиниот изглед остава впечаток на многу помлада жена.
Покрај добрата генетика, Лидија се грижи за исхраната и редовно вежба, а не крие дека во тоа е тајната на нејзиниот младешки изглед. Лидија го носи епитетот на занесна црнка, а кадравата коса е и нејзин заштитен знак.
Неодамна ја испегла косата и малкумина ја препознаа тогаш. Лидија сега се одлучи за уште една промена.
Имено, таа ја обои црната коса во црвена боја, а на следбениците на Инстаграм им ја покажа фризурата.
„Колку си убава жено“, „Кога си убава жена ти прилега секоја фризура“, „Не старееш, но црната коса ти е поубава“, гласат дел од коментарите.
Дали најпопуларната кадрава црнка и официјално ќе се приклучи на црвенокосиот клан останува да видиме. Ова не е прв пат да се обиде да стане црвенокоса. Лидија на почетокот на годината се појави со слична боја на коса, но сепак остана доследна на црната. Велат дека жените се одлучуваат за вакви драстични промени кога се несигурни или заљубени. Бидејќи познатата актерка не е несигурна, останува само второто.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/vukiceviclidija