Некои домаќинки веќе почнаа да ја подготвуваат зимницата, а допрва ќе следи поголем дел од работата. Не е важно дали подготвувате ајвар, кисели краставички, лутеница или џем, постапката на стерилизација е секогаш иста. Постојат оние техники кои се покажаа како најдобри. Првиот чекор во стерилизацијата е добро да ги измиете со сапун за садови.
Оставете ги да се исцедат, а потоа внимателно избришете ги со чиста памучна крпа. Вклучете ја рерната на 100 степени, наредете ги теглите во плех, но така што отворот е свртен надолу и ставете ги да се загреат околу 20 минути. Внимателно извадете ги бидејќи теглата ќе биде топла и наполнете ги со ладна вода додека се уште топли.
Постои уште еден метод што го користат модерните домаќинки, а тоа е стерилизација во машина за миење садови. Некои машини имаат можност за стерилизација, а ако немаат, тогаш ставете ги теглите на програма која ги мие садовите на температура од 70 степени. Откако ќе ги измиете теглите во машината, можете безбедно да ја истурите зимницата во нив.
За дополнителна стерилизација, теглите наполнети со зимница можете повторно да ги ставите во машина за миење садови и да ја вклучите програмата со највисока температура, но без прашок за перење.
Извор: Курир.мк