Живот и Стил

Направете совршен ајвар со помош на една тајна состојка

Направете совршен ајвар со помош на една тајна состојка

На почетокот на есента веќе домаќинките планираат да подготват зимница, а некои од нив веќе започнале да подготвуваат ајвар.

Поголем дел од домаќинките имаат свој рецепт за оваа омилена зимска намирница, но понекогаш добро е и малку да промените некои работи.

Покрај модар патлиџан, лук и лути пиперки, пикантен и совршен вкус на ајварот му дава и ренот.

Оние кои сакаат лута и зачинета храна, ќе уживаат во овој вкус, а не мора да го менуваат својот рецепт.

Подготовка:
За почеток – испечете ги и излупете ги пиперките.

Исечкајте ги или измелете ги, па пржете ги , мешајќи и додавајќи масло за јадење.

На половина од подготвувањето додадете сол, а на крај кога ставате есенција, изрендајте помала количина рен (на 3 килограми пиперки околу 300 грама рен) и измешајте го во ајварот.

Откако ајварот ќе биде готов, потребно е да го ставите во соодветни тегли, а потоа може да дегустирате.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top