Радио Милева Ѕвер

Сите го посакуваат, а таа го има: Ова е црниот бесен убавец на ќерката на Драгана Мирковиќ (фото)

Сите го посакуваат, а таа го има: Ова е црниот бесен убавец на ќерката на Драгана Мирковиќ (фото)

Ќерката на пејачката Драгана Мирковиќ со својата објава ги запали социјалните мрежи.

Откако се приклучи на социјалните мрежи и ја остави на виделина нејзината приватност која со години ја криеше, ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела, привлекува големо внимание во јавноста.

Заради убавината која ја краси, а и поради нејзиниот успех, нејзините родители имаат целосно право да се гордеат, а пејачката постојано потенцираше дека и е најважно да ги води децата на вистинскиот пат. Дека успеала во тоа, сведочат и безбројните пофалби на наследниците на Драгна и Тони, на кои од мали нозе им биле всадени вистинските вредности, а луксузот во кој уживаат до сега не бил нагласен.

Меѓутоа, ќерката на Драгана Мирковиќ која на социјалната мрежа „Инстаграм“ се пофали со скапиот автомобил, сега стави до знаење дека целото семејство има страст за милениците на четири тркала.

– „Ѕвер“ – напишала Мануела накратко со фотографија од нејзиното ново милениче, кое наводно е подарок од мама и тато, што не е чудно ако се земат предвид нејзините минати успеси за кои е сигурна дека ги постигнала со голем труд, а како награда добила подарок.

Станува збор за Мерцедес со препознатливите таблички DON на нејзиниот татко Тони Бијелиќ и вреди мало богатство, сепак, следбениците не беа премногу изненадени бидејќи гордиот татко се занимава со бизнис во автомобилската индустрија и поседува автосалон, авто компанија Мајбах.

фото:Инстаграм принтскрин

To top