Иако според многумина јаглехидратите се бескорисни бидејќи само придонесуваат за зголемување на телесната тежина, сепак тоа не е така. Тие се хранливи материи кои му се неопходни на телото за неговото правилно функционирање. Одредена група јаглехидрати не само што се здрави туку се и корисни за слабеење. Проверете во продолжение за кои намирници станува збор.
Тиква
Тиквата е намирница која можете да ја консумирате како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт! Се карактеризира со ниска калорична вредност, но има и многу растителни влакна кои го забрзуваат процесот на варење и даваат чувство на ситост.
Бобинки
Има ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и друг вид бобинки? Тие се богати со антиоксиданси и се нискокалорични. Освен тоа, поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторно дејство.
Леќа
Леќата е вистинска суперхрана! Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен. Освен тоа, таа е богата со витамини и минерали.
Овес
Дали понекогаш немате идеја што да зготвите за појадок? Зошто да не се почестите со овесна каша! Таа е богата со растителни влакна, а освен тоа ќе ве држи сити подолго време. Сепак, бидете внимателни при изборот – ви препорачуваме да изберете овесни снегулки без дополнителен шеќер, а при подготовката можете да додадете овошје или јаткасти плодови.
Сладок компир
Дали знаевте дека слаткиот компир може да ви помогне да ја намалите тежината? Тоа се должи на фактот дека оваа намирница го забрзува метаболизмот, а нејзината калориска вредност не е висока.
Откако прочитавте кои јаглехидрати можат да помогнат при намалување на телесната тежина, можеби ќе сакате да прочитате и за 3-те едноставни чекори за слабеење без изгладнување.
Извор: citymagazine.danas.rs/кафепзуа.мк