Радио Милева Толку од љубовта

Крај после 25 години брак: Се разведува Силвестер Сталоне

Крај после 25 години брак: Се разведува Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне (76) се разведува,пишува странскиот печат. Веста дека актерот се разведува од сопругата Џенифер Флавин (54) по 25 години брак ги шокираше сите.

Според странските медиуми, Флавин поднела барање за развод во петокот пред судот во округот Палм Бич, Флорида.

– Го сакам моето семејство. Овие лични проблеми ги решаваме спогодбено и приватно – изјави актерот за „Пипл“.

Сталоне и Флавин се венчаа во 1997 година, иако нивната врска првично започна во 1988 година во ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија.


Имаат три ќерки: Скарлет (20), Систин (24) и Софија (25).

фото: Getty images

To top