Смоквите важат за овошје кое го намалува холестеролот и го подобрува варењето.
Ако ги подготвите на овој начин, ќе можете долго да уживате во нивните благотворни својства.
Потребни состојки:
– 1 кг. зрели смокви
– 200-250 гр. шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 1 лимон
– 1 лажичка рум
– ½ мелен цимет
– сечкани ореви и бадеми
Начин на употреба:
Лимонот добро измијте го со раствор од сода бикарбона. Смоквите измијте ги, исчистете ги од дршките и ставете ги во подлабоко тенџере.
Исцедете го лимонот и сокот ставете го заедно со шеќерот во тенџерето со смоквите. Покријте и оставете еден час да омекнат.
Ставете го тенџерето на среден оган и варете, повремено промешувајќи. По 45 минути, додајте го ванилиниот шеќер и кората од лимонот, малку рум, цимет и сечканите ореви и бадеми.
Оставете џемот добро да се свари, а притоа постојано мешајте за да не загори.
Ставете го врелиот џем во стерилни тегли, затворете и оставете да се излади.
извор:точка.ком.мк