Живот и Стил

Шест причини зошто треба почесто да јадете грозје

Шест причини зошто треба почесто да јадете грозје

Здравствените предности кои ќе ги добиете од грозјето почнуваат веќе од кожата. Нутриционистите одвојуваат шест причини поради кои почесто треба да јадете грозје.

1.Ја подмладува кожата

Преполно со витамин Ц и антиоксиданси, грозјето може да помогне во ревитализација на кожата. Може да ја заштити од УВ зраците. Витаминот Ц е неопходен за да може кожата да формира колаген кој на лицето му дава младешка свежина.

2. Го подобрува крвотокот во мозокот

Студија од Универзитетот во Швајцарија покажала дека ресвератолот кој го има во грозјето помага во борбата против плакови кои може да му наштетат на мозокот.

3. Го зголемува нивото на енергија

Сложените јагленихидрати обезбедуваат преку потребен енергетски стимул. Затоа грозјето е соврешена ужинка пред тренинг, бидејќи многу брзо обезбедува храна.

4. Го чува срцето

Корисно е за здравјето на срцето, содржи полифеноли кои се борци против атеросклероза, болест која се јавува како резултат на собирање на холестеролот на ѕидовите на артеиите на срцето и мозокот.

5. Го чува видот

Витаминот А и лутеинот кои се наоѓаат во грозјето може да го подобрат здравјето на вашите очи. Според студија водена од истражувачи од Институтот за очи на Универзитет во Мајами, грозјето навистина може да биде добар сојузник во чувањето на видот.

6. Ги зајакнува коските

Манганот го има го грозјето, а е состојка која ви помога да ги зајакнете коските. Тоа е минерал кој во телото се наоѓа во мали количини. Придонесува да имате поздрави коски на начин што на организмот му овозможува подобро да апсорбира калциум.

Сепак, доколку имате зголемено ниво на шеќер во крвта, бидете вниматени при јадењето на грозје и консултирајте се со вашиот лекар за тоа колку често и во која количина може да го јадете ова овошје.

извор:курир.мк

To top