Живот и Стил

Ви требаат две состојки за да се ослободите од „кожата од портокал“

Ви требаат две состојки за да се ослободите од „кожата од портокал“

Многу производи на пазарот тврдат дека делуваат против „кожата од портокал“, но според специјалистите за кожа, постои многу поедноставен, поевтин и поприроден начин за ослободување од целулитот.

Потребни ви се само 2 состојки кои сите ги имаме по дома – сода бикарбона и мед.

Измешајте една лажица мед и една лажица сода бикарбона.

Додадете малку вода и интензивно втријте и измасирајте се со смесата околу 3 минути.

Измијте се добро, а потоа додадете чист природен мед на проблематичните делови и нежно тапкајте ја кожата околу 4-7 минути.

Ова е најделотворниот начин за ослободување од дупчињата на кожата. Масирањето со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го редуцира појавувањето на целулитот, без да го оптовари телото со токсини и хемикалии.

Сепак, внимавајте да не претерате со употребата на смесата, а особено со стисокот врз целулитните делови, бидејќи може да завршите со пукнати капилари поради премногу притисок врз проблематичните делови, завршуваат специјалистите.

извор:курир.мк

To top