Британската ѕвезда Адел не крие колку е среќно заљубена во своето момче Рич Поло. Таа отворено зборуваше за тоа во едно неодамнешно интервју, па призна колку е заљубена.
Како што открила, ова е најголемата љубов во нејзиниот живот.
“Никогаш не сум била толку заљубена. Опседната сум со него”, изјавила пејачката.
View this post on Instagram
Како што е познато, Адел се разведе од сопругот Сајмон во 2019 година, со кој го има синот Анџело. Сепак, разводот не ја разниша нејзината верба во бракот.
„Да, апсолутно би се омажила повторно“, рече пејачката и додаде:
„Дефинитивно сакам повеќе деца. Обожавам да создадам дом, стабилниот живот ми помага со мојата музика. Но, единственото нешто што ми е на ум во моментов е настапот во Лас Вегас затоа што сакам да растурам“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/adele.romaniaa