Живот и Стил

Планински грав со шампињони: Кога ќе го пробате зготвен на овој начин, нема да се вратите на традиционалниот!

Планински грав со шампињони: Кога ќе го пробате зготвен на овој начин, нема да се вратите на традиционалниот!

Состојки:

250 гр грав
3 чешниња лук
500 гр печурки
2 моркови со средна големина
1 главица кромид, помала
1 корен од целер (помал)
сол
бибер
црвен пипер
1 чаша просо
2-3 лажици доматно пире
3 ловорови листови

Подготовка:

Потопете го гравот преку ноќ. Морковот, кромидот и целерот се сечкаат и се пропржуваат на малку масло, печурките се сечат на половини или четвртини и се додаваат во зеленчукот заедно со сечканиот лук. Посолете, побиберете и пропржете само неколку минути на силен оган. Додадете црвен, мелен пипер и измешајте. Додадете грав и ловоров лист, налејте околу литар вода (или по проценка), покријте и варете по проценка. На младиот грав нема да му треба повеќе од час и половина. Некаде при крајот на варењето додатете просо и доматно пире, варете уште 15 минути и поклопете.

To top