Промотер Од Лондон со љубов

Бранот удира и жежок допир продира во „Заведи ме“ на Ај Кју (аудио)

Бранот удира и жежок допир продира во „Заведи ме“ на Ај Кју (аудио)

Музичкото дуо „Ај Кју“ кое го сочинува љубовната двојка Марија и Бојан, пред неколку месеци се преселија во Лондон, па оттаму по подолга пауза се активираат со нова песна за македонскиот музички пазар.

Темата е насловена „Заведи ме“ , а на истата од далечина, Марија и Бојан работеле заедно со Роберт Билбилов.


Текстот е летен, романтичен, љубовен, а музиката е во диско-фанки ритам.

Песната ја објавија на интернет каналот Јутјуб, но само во аудио верзија на која ако позадина стои фотографија од Марија во бикини легната под сонцето.

Преслушајте го музичкиот поздрав што го испратија „Ај Кју“.

To top